Ванеса Брајант: Ви честитам Лејкерси, штета што Коби и Џиџи не го гледаат ова

Обожавателите во транс, еуфорија, солзи и голема радост.

ЛА Лејкерс освоија конечно титула, 17-та во нивното клупско постоење.

И се претпоставуваше на кого ќе ја посветат.... „Езерџиите“ му ја посветија на трагично загинатиот легендарен кошаркар од оваа екипа, Коби Брајант.

Веднаш по освоената титула, честитка до Лејкерс стигна и од сопругата на Коби, Ванеса Брајант.

„Ви честитам, вујче Пи (мислејки на Роб Пелинк, генералниот директор на Лејкерс). Ви честитам на сите, Коби беше во право. Држете го овој курс. Штета што Коби и Џиџи (Џијана) не го гледаат ова, посакувам да беа овде“, порача Ванеса во емотивно издание, сеќавајки се на загинатиот сопруг.

Коби да потсетиме загина во сообраќајна несреќа, заедно со неговата помлада ќерка Џијана