Вардар реагира, сите ни ги затвораат стадионите, можевме да играме во петок и вторник
Навивачите на Вардар, најавија бојкот на утрешната средба на црвено-црните која се игра од 13 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари против Кожув.
Терминот е невообичаен, па Комити беа незадоволни, негодуваа бидејќи петок-13 часот не е термин за фудбалски меч.
ФК Вардар се огласи повод ситуацијата, проблемот е што немале избор, наишле на „затворени врати“ за неколку стадиони во Скопје.
СООПШТЕНИТЕ НА ФК ВАРДАР:
ФК Вардар ги известува своите навивачи и приврзаници дека терминот за натпреварот во рамките на 15-тото коло од ВМФЛ против екипата на Кожуф (утре, петок 9 декември од 13 часот на стадионот Борис Трајковски во населба Маџари во Скопје) се должи на тоа што НЕ НАИДОВМЕ на одобрение за користење на терените во Скопје за време на викендот (Градски стадион, стадион на Македонија ЃП во населбата Ѓорче Петров, стадионот Железарница во населба Автокоманда, комплекс ФФМ и стадионот Борис Трајковски во населба Маџари, Скопје)
Од таа причина единствени термини кои ни беа на располагање беа петок и вторник, одлучувајќи се за утрешниот.
Уште еднаш ги повикуваме сите навивачи на нашиот клуб утре да ја дадат неопходната поддршка кон уште една победа и чекор поблиску до остварувањето на нашите цели.