Спорт // Спорт
Вардар доби парична помош од Општина Аеродром од 1.200.000
Советот на Општина Аеродром, на иницијатива на Градоначалникот Тимчо Муцунски, даде поддршка за македонскиот бренд РК Вардар.
Како што потврдија од Општина Аеродром, со ребалансот на буџетот, покрај развојните инвестиции и капиталните проекти кои се предвидени, Општина Аеродром издвојува и 1.2 милиони денари за поддршка на македонскиот шампион.
Во ваквите тешки мигови за нашата ракометна гордост поддршката од наша страна беше неопходна.
Покрај тоа, буџетот за оваа година предвидува и 24 милиони денари за МЗТ Скопје, аеродромски бренд што ќе ја претставува Македонија во елитното јадранско натпреварување АБА1!
„Како локална власт продолжуваме да даваме поддршка на спортот, а се надеваме дека ќе славиме многу титули со РК Вардар и КК МЗТ Скопје. Аеродром заслужува спорт, радост и титули! Се надеваме на нови победи“ - порачаа од општината.