Васил Гарванлиев патива: Таму каде јавето е исполнет сон

Поп пејачот Васил Гарванлиев има нов видео запис. 

Неговиот најнов проект е во соработка со Давор Јордановски – продуцент кој живее и твори во Торонто, Тања Брковска –текст, додека пак за видеозаписот повторно се погрижи екипата од претходните проекти Ѓорѓи Вацев камера и постпродукција, креативен директор Јелмаз Дервиши, и кореографија на Иван Ангелковски.

“Патувам, за мене претставува средба и сеќавање со љубопитното дете во сите нас кое со душа чека да му се отвори вратата за да погледне во еден поубав и посветол свет. Овој проект, е голем чекор напред на мојата патека што потврдува дека кога имаме искрена желба, љубов, и приказна со вистински тим секогаш ќе најдеме и вистински начин на изразување. Сите заедно и во сите бои, со спонтана енергија, мислам дека создадовме уште една поп приказна на која сум особено горд. И да, патувам каде јавето е исполнет сон “