Васоски останува тренер на Академија Пандев

Академија Пандев ќе продолжи да соработува со Александар Васосоки, клубот не ја прифати неговата оставка откако тимот вчера беше поразен од Работнички во Струмица со 2-0.

Васоски се врати во Академија Пандев со цел да донесе подобри резултати, но засега кризата на резултатски план останува.

Клубот не ја прифати неговата оставка:  


Соопштение

На денешниот состанок на Управниот Одбор на клубот, беше разгледена понудената оставка од страна на Шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим – Александар Васоски. Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка НЕ Е ПРИФАТЕНА.

Управниот Одбор смета дека Александар Васоски е еден од најдобрите тренери во Македонија и дека тоа и ќе го докаже во наредниот период. Дадена му е целосна поддршка во сите одлуки кои смета да ги спроведе во иднина, за враќање на победничките патеки. Во минатото клубот се соочуваше и со подолги резултатски кризи, но на крај секогаш преку единство и сплотеност доаѓаше до остварување на зацртаните цели, затоа сметаме дека прифаќањето на оставката не е правото решение.

Со почит,

ФК Академија Пандев АД