Ве носиме во Макао, а таму еден од најубавите хотели на планетата
City of Dreams Morpheus е луксузен хотел лоциран во срцето на Макао
Оваа структура на навистина нетипична архитектура, ви дава можност да уживате на високо ниво, додека дизајнот на ова ремек-дело е потпишан од светски познатата архитектка Заха Хадид. Хотелот со пет sвездички се состои од 770 различни соби на четириесет спрата.
На располагање ви се класични соби, апартмани или вили, додека за сите оние кои го сакаат рафинираниот луксуз има три апартмани со приватни базени. Хотелот располага и со шест дуплекс апартмани, од кои секоја е внимателно украсена од Питер Ремедиос.
Панорамски лифтови ви даваат можност да влезете директно во вашата соба, додека базенот на покривот ќе ви овозможи спектакуларно искуство со пливање под ѕвездите. Тука ве чека и спа центарот, кој ви нуди крајна релаксација.
Хотелот нуди низа услуги, вклучително и софистицирана гастрономска понуда, вклучувајќи два ресторани и слаткарница. Исто така, мора да нагласиме дека секоја соба е украсена со парчиња од најголемите брендови, како што се Хермес, Аква ди Парма и Алеси.
Доколку планирате да го посетите Макао, ви предлагаме овој хотел да биде на вашата листа со желби.