„Веќе не уживам во животот“: Беше фудбалска легенда, па доживеа срцев удар и тежок развод

Фудбалската легенда имаше ужасно тешки две години.

Икер Касиљас без сомнение е еден од најдобрите голмани во поновата историја, но во мир, наместо да ги жнее плодовите на големата кариера, славниот голман помина низ вистинска драма.

Касиљас најпрвин на тажен начин ја заврши својата славна кариера, бидејќи се пензионираше поради последиците од тежок срцев удар, а потоа го напушти сопругата Сара Карбонеро.

Во Реал Мадрид мина 16 години и за тоа време одигра 725 натпревари, потоа за пет сезони во Порто 167 пати го чуваше голот, но следеа тешки моменти.

View this post on Instagram

A post shared by Iker Casillas (@ikercasillas)



По 11 години раскина со Сара. Нивниот бакнеж од СП 2010 го обиколи светот, а љубовната приказна е завршена.

Касиљас појасни дека повеќе не се ни обидува да се преправа дека се е најдобро што може.

„Не спијам редовно. Сакам да изгледа како да сум добро, но не можам да уживам во животот. Слушам стари песни, но веќе не можам да сонувам“, изјави Касиљас.

Касиљас неодамна објави фотографија од селото, а истата доби огромен број лајкови и коментари.

View this post on Instagram

A post shared by Iker Casillas (@ikercasillas)



Многумина беа загрижени за неговиот изглед.

„Изгледа дека те удрил воз“, напиша Жерар Пике.

Поранешниот соиграч на Касиљас, Борха Фернандез, откри дека на легендарниот голман повеќе не му се потребни филтри против стареење.

View this post on Instagram

A post shared by Iker Casillas (@ikercasillas)



ФОТО: Инстаграм принтскрин