ВЕЛАТ НЕМА ПОУБАВА ЖЕНА ОД НЕА, А НЕ НАПРАВИЛА НИКАКВА ОПЕРИЈА: Од нејзиното извајано тело паѓа вилица
Џулијана Налу е една од најжешките манекенки во светот, која има над половина милион следбеници. Нејзиното име неодамна многу се споменуваше по врската со Луис Хамилтон. Таа важи и за една од најатрактивните жени во светот, а сите зујат за нејзините слики.
Има само 27 години и сериозни деловни амбиции. Инаку, долго се пишуваше за нејзината врска со Канје Вест, што не беше официјално потврдено.
Џулијана сонувала да стане модел од шестата година, а нејзиниот сон се оствари кога на 18 години стана заштитно лице на бразилскиот L'Oréal.
Денес таа го живее својот сон, со над половина милион луѓе кои ја следат на Инстаграм и речиси половина милион на ТикТок.
"Сакав да правам големи работи надвор од Бразил, но не знаев колку е тешко. Морав да се обидам. Мајка ми ми помогна да ги остварам моите соништа", изјави неодамна.
Многумина се прашуваат како Џулијана има толку совршено тело, без естетска хирургија, а клучот за нејзината линија е во редовните тренинзи. Таа редовно објавува слики од теретана, каде што може да се види како напорно тренира.