Versace Eros Flame- чудотворен машки парфем на новата генерација
Тој носи важна порака за новите генерации за достоинството со љубовта и моќта на различноста. Еден од најубавите парфеми на денешницата...
Пламенот на Versace Eros Flame- машки парфем на новата генерација е мирис за силни, страсни, самоуверени мажи кои се во допир со нивните најдлабоки емоции. Во исто време, тие ги перцепираат сегашните чувства и уживаат во вечниот мирис на вистинската љубов, придвижувајќи нè од реалниот свет во митолошкиот универзум, дом на херои кои ги претвораат своите несовршености во сила.
Огнен црвен, интензивен и машки, несомнено да не потсети на страст кон љубовта. Медузата во средина на шишето и грчкиот мотив за клуч го става мирисот во срцето на универзумот
Миризливите ноти на Versace Eros Flame се карактеризираат со силни контрасти во кои има благородни и елегантни состојки. Главните ноти се особено живописни - свежо, сочно италијанско овошје како лимони, мандарини и горчливи портокали се претопуваат со ноти од црн пипер од Мадагаскар и се завиткани во ароматичен див рузмарин