Ви го претставуваме ФАНТОМ: Парфемот на денешницата, создаден за иднината

ФАНТОМ доаѓа во многу привлечно шише слично на играчка, што е тренд меѓу дизајнерските брендови кои се тркаат да понудат што е можно повеќе необични шишиња. Овој пат инспирација за новото шише е робот, изработен во сребро со црни детали, големо лого на градите и спреј позициониран на „носот“ на роботот.

Пако Рабан повторно изненадува, но овој пат со сосема нова футуристичка визија.

Композицијата е создадена „користејќи врвен креативен процес за избор на состојки за да се чувствувате енергично, силно, самоуверено и секси“. 


Можеме да очекуваме смел мирис составен од лаванда, енергичен лимон (засилен со молекула што дава мирис на суви и интензивни зелени нијанси на гарденија) и секси дрвенеста ванила со избрани клучни ноти на композицијата. „Одговорно формулирано: мирисот на денешницата, создаден за иднината.