(ВИДЕО) Автомобилот „Тесла“ регистрираше необјаснива појава на гробиштата

Компанијата на Илон Маск ги опреми автомобилите „Тесла“ со невообичаени карактеристики - пример возачот може да ги изненади своите патници со свиреж од звук на коза, како и многу други звуци. 

Автомобилот е опремен и со специјална камера за надзор, која на следното видео сними необјаснива појава.


На социјалните мрежи се појави морничаво видео на кое се гледа како мониторот за возење на „Тесла“ покажува нешто што многу корисници го нарекоа духови, пренесува „Спутник Интернешнл“.

Снимката започнува во моментот кога возачот се приближува до гробиштата, каде што нема жива душа. Сепак, системот за надзор покажа дека едно лице се движи десно.„Духот“ стоеше на екранот, додека автомобилот се движеше полека напред, но никој не беше на повидок. Еден корисник на Интернет тврди дека системот по грешка го заменил цвеќето на гробиштата со лицето кое ги држи. Но, во тој случај, „Тесла“ ќе откриеше многу „духови“, бидејќи гробиштата се полни со букети.

Овој необичен феномен сè уште не е објаснет.

извор:krstarica.rs