Спорт // Спорт
ВИДЕО: Чурлинов ја стресе стативата, Барнли испушти победа кај ВБА во 98 минута
Барнли на нашиот Дарко Чурлинов освои бод на гостувањето кај ВБА, а можеше три, доколку не примеше гол во 98 минута.
Голот за Барнли го постигна Родригез од пенал во 30 минута, а Дарко Чурлинов во игра влезе во 64 минута.
Чурлинов неколку моменти подоцна, погоди статива, а и во една акција во која учествуваше не беше досуден пенал.
Извонредна игра на Чурлинов, а акцијата по која ја стресе стативата, погледнете ја овде:
ВИДЕО
https://twitter.com/dribling2021/status/1565802964186550272
ВБА израмни со голот на Брендон во 98 минута, Чурлинов покажа е во добра форма, одлично ги искористи своите нешто над 30 минути вечерва, тоа радува во пресрет на средбите од Лигата на на нации за македонската репрезентација.