ВИДЕО: Драстична казна за КК Чаир 2030 единствен реален епилог, нов инцидент на кошаркарски натпревар
Сериозен инцидент се случи на натпреварот меѓу Чаир 2030 и Работнички во Првата кошаркарска лига на Македонија, навивач на домашниот тим нападна кошаркар на теренот од екипата на Работнички.
Еден од играчите на Работнички, Ерик Нотиџ имаше недоразбирање со еден домашен играч, но реагираа играчите и не се случи посериозен инцидент.
Но на теренот втрча навива на домашниот тим, го удри кошаркарот на Работнички. а инцидентот се случи во втората четвртина при водство на Работнички од 44:23.
Услови да продолжи натпреварот немаше, а судиската тројка и делегатот решија дека средбата да не се доигра.
Драконска казна е реален епилог за КК Чаир 2030, како поука да не се случуваат вакви инциденти во иднина, на потег е кошаркарската федерација.
https://twitter.com/dribling2021/status/1602205590264111106