ВИДЕО: Епски меч на годината, Алкараз по речиси шест часа го победи Синер, ова е тенискиот меч кој се прераскажува од УС Опен

Како во гладијаторска арена, до последен здив, по 5 ипол часа во Њујорк, Шпанецот Карлос Алкараз, кој важи за еден од најперспективните тенисери, запиша епска победа против Италијанецот Јаник Синер со 3-2 на УС Опен.

Овој меч кој се прераскажува во светот на тенисот, се играше со пресврти, одлични поени, а по сетови тоа изгледаше вака, 6-3, 6-7, 6-7, 7-5 и 6-3.

Алкараз со пласманот во полуфиналето сега е во игра за број 1 на АТП, зависи од резултатите, а за финале ќе игра против Френсис Тиафо, додека во вториот полуфинален меч се среќаваат Каспер Руд и Карен Хачанов.


ВИДЕО:

https://twitter.com/dribling2021/status/1567774165435834368