(ВИДЕО) Еволуцијата на телевизорите низ децениите

Телевизорите драстично се променија од своето прво претставување, а денес повеќе потсеќаат на компјутери отколку на класичните ТВ уреди на кои сме навикнати...

Претставувањето на телевизорите е веројатно едно од најпопуларните и најважните откритија и за 100 години, колку што постои телевизорот, успеавме да видиме неверојатни технолошки промени и различни типови на телевизори кои на почетокот ни нудеа само матна црно-бела слика на неколку канали, за сега да ни нудат неверојатни технолошки опции и можности кои делуваат како да ни дошле од некој научно фантастичен роман.

За само краток период од 100 години, телевизорите драстично напредуваа, што резултатите излегоа повеќе од неверојатни. Тие стануваат се поголеми, се потенки и се полесни, а секако поседуваат неверојатни опции благодарение на интернет технологијата која сега стигна и до тоа, да имаме Smart телевизори со кои можеме да управуваме со помош на нашиот глас и телефонот и кои можат да ги вршат скоро истите функции како компјутерот.

Сакавме да разгледаме низ минатото и да ви покажеме како изгледале телевизорите некогаш и како се менувале низ годините, а сигурни сме дека ќе бидете фасцинирани колку оригиналниот дизајн на овој уред се менувал и подобрувал низ годините.

Погледнете го видеото.