Спорт // Спорт
ВИДЕО: Имаме уште 1028 дена, девојка се врза за мрежата на Ролан Гарос
Каспер Руд го победи Марин Чилиќ во полуфиналето на Ролан Гарос со 3-1, и закажа дуел со Рафаел надал утре во финалето на овој престижен турнир.
Интересно, мечот беше во прекин, откако девојка која втрча на теренот, се врза за мрежата во знак на протест.
Ни преостануваат уште 1028 дена, пишуваше на маицата на девојката, а има и зошто, таа протестира за малиот број на акции кои се преземаат за спречување на климатските промени.
„Втрчав на теренот, едноставно не можам повеќе да седам и да не преземам ништо, сакам да предупредам за климатските промени“, рече девојката.
ВИДЕО:
https://twitter.com/Eurosport_NL/status/1532804019885953031