ВИДЕО: Интер се врати од „мртвите“ и запиша победа против Емполи, до недела сигурно е лидер во Серија А

Интер губеше со 2-0 од Емполи на „Џузепе Меаца“, на крајот запиша победа со 4-2, со голем пресврт и повторно е лидер во калчото, барем до недела кога го чека исходот од дуелот меѓу Милан и Верона.

Емполи поведе со 2-0, а за тоа се погрижија Пинамонти и Аслани. Следуваше одговор на Интер во финишот на првиот дел, автогол на Ромањоли и гол на Мартинез за 2-2.

Во вториот дел, Интер тргна силно, со вториот гол на Мартинез поведе со 3-2 во 64 минута, а Санчез погоди за конечни 4-2 во 94 минута.

Интер на мечот имаше 37 шута, од нив 10 во рамки на голот. Барем до недела, Интер е прв со бод предност, го чека резултатот од дуелот меѓу Верона и Милан од кого зависи се во борбата за титулата.

https://twitter.com/dribling2021/status/1522648263748472836