(ВИДЕО): Каде се крие Роџер Федерер?
Роџер Федерер е човек кој сака луксуз, човек кој е навикнат на совршенство во тенисот и целосна организација во се што прави.
Ова е случај и кога станува збор за приватниот живот. Сè е пресметано и планирано детално.
Малиот град Волро има најнизок данок во Европа, поради што многу мултимилионери низ Стариот континент решиле да живеат таму.
Има население од 7.225, и секако најпознатото име во градот е Роџер Федерер.
Неговата куќа се издвојува особено, а изградена е кон крајот на 2014 година. Куќата има повеќе од 500 квадратни метри, соби за Мирка и нивните деца - девојките Мила и Шарлин, како и момчињата Лео и Лени.
Во едно интервју тој вели дека ова ова е неговото „тајно“ место.
Куќата е изградена на парцела од 1,5 акри и има подземен паркинг, додека надворешните sидови се „закопани во земја“, и ова претставува посебен архитектонски потфат.
Градот во кој сега живее Федерер е на 20-минутно возење од Цирих и еден час од родниот град на Роџер, Базел, но заради големите даночни олеснувања, не беше проблем Федерер да го избере ова место за живот.
Покрај Федерер, во овој град живеат и возачите на Формула 1
Кими Раиконен и Фелипе Маса.