ВИДЕО: Македонската јавност очекува многу од нас, ние знаеме како да ги израдуваме

Дуелот со Бугарија е прв за Македонија во новата сезона во Лигата на Нации, играме на гости, а потоа следуваат уште три средби, Гибралтар на гости и идома и Грузија во Скоппје.

Голманот Дамјан Шишковски е оптимист дека во јунските баражи можеме да дојдеме до големо бодовно салдо

„Успеавме со добрите резултати  сите да веруваат во нас,  ние на секој меч одиме на победа и ќе го оставиме срцето за Македонија. Македонската јавност од нас очекува многу, што е нормално по дуелите со  Италија и  Португалија, како и наназад на многу натпревари. Максимално сме подготвени за овие четири меча, подмладени сме  со млади фудбалери, но тие млади фудбалери се искусни од настапите во своите  тимови и ќе дадеме максимум за да ги оправдаме очекувањата.  Селекторот најави дека сите ќе настапат, што е нормално во ваква ситуација,  имаме четири меча за десет дена. Ние максимално сме подготвени, знаеме што бара селекторот од нас“ - рече Шишковски. 

КОМПЛЕТНА ИЗЈАВА(ВИДЕО):

https://twitter.com/dribling2021/status/1530249219033948160