ВИДЕО: Мбапе постигна екстра гол, Франција ја прегази Полска за четвртфинале на СП во Катар

Франција предводена од Килијан Мбапе стигна до четвртфинале на мундијалот во Катар, ја прегази Полска со 3-1.

Историја за Жиру кој стана најдобар стрелец во историјата на Франција, и двата гола на Килијан Мбапе, Франција со стил стигна до четвртфинале.

Вториот гол за Мбапе а трет за Франција е ремек-дело на францускиот репрезентативец.

ВИДЕО:

https://twitter.com/dribling2021/status/1599454957518086144

Единствениот гол за Полска е дело на Левандовски кој погоди од пенал во финишот на мечот. Противник на Франција ќе биде подобриот од вечерашниот дуел меѓу Англија и Сенегал.