(ВИДЕО) Мекгрегор повторно прави бељи: Овој пат удри стар човек
Ирецот повторно подиве..
Познатиот УФЦ борач е познат по своите агресивни испади и често се случува
да се истепа со некој на јавно место. Иако, досега е казнет неколку пати токму
поради тоа, по се изгледа дека не се опаметил, бидејќи повторно имаше испад во
еден ирски паб.
Мекгрегор влегол во локал кој често го посетува и одлучил сите гости да ги почасти со виски. Меѓутоа, стариот господин кој седел на шанкот ја одбил неговата понуда, што многу го изнервирало Мекгрегор. Тој започнал разговор со господинот кој не бил заинтересиран ниту за конверзација, а потоа го удрил со левата рака по главата, па сите скокнале по него и веднаш го исфрлиле Мекгрегор надвор од локалот.
Идентитетот на нападнатиот човек е непознат и не се знае дали тој кривично ќе го обвини Мекгрегор, но фановите на борецот се бесни, бидејќи не можат да сфатат зошто нивниот херој се однесува така недолично на јавни места и зошто на ваков начин ги третира постарите луѓе.
Погледнете ја видео снимката од немилиот настан: