(ВИДЕО) Микс на традиција и модерно: Некст тајм ја објавија „Јовка Кумановка“

По „Ја излези Ѓурѓо“, „Слушам кај шумат шумите“ и „Нешто ќе те питам бабо“, момчите од Некст тајм, најави ново ремек дело. На само неколку дена од најавата, тие ја одржаа промоцијата по повод новата песна „Јовка кумановска“.

Мартин и Стефан Филиповски уште еднаш покажаа дека се на врвот, не само како музичари, туку и како комплетни уметници, кои внимаваат на секој детаљ кога станува збор и за видео продукцијата. Екипата и овој пат не ја променија - аранжманот му го препуштија на Николче Мицевски, а режијата за видеото на Огнен Шапковски.

За оваа, четврта промоција, локацијата ја променија. Имено, водејќи се по девојката за која се пее во песната, овој пат промоцијата се одржа во Куманово.

Како е искомбиниран овој пат миксот на традиционалното и модерното погледнете во продолжение.