ВИДЕО: Муслиу најавува голема борба, и победа против Бугарија

Македонија ја очекува нов циклус на настапи во Лигата на Нации, прв противник е Бугарија на гости во Разград на 2 Јуни.

Дефанзивецот Висар Муслиу, вели дека сите во тимот се мотивирани за победа.


„По двата одлични натпревари против Италија и Португалија во баражот за СП, сега сигурно желбите се да ја стартуваме Лигата на нации со победа. Новите играчи кои добија повик  од селекторот секако на сите нас ‘староседелците’ ни дава дополнителна самодоверба пред оваа средба. Добредојдени се освежувања во тимот, така да сигурно и новите репрезентативци верувам дека веднаш ќе се вклопат. Знам дека добро ќе се подготвиме и за овие натпревари против Бугарија, Грузија и Гибралтар. Максимално сме фокусирани на тоа што сега не очекува,имавме напорнита сезона, но никој од нас не мисли на одмор кога се настапува за репрезентацијата, и покрај тоа што овие натпревари доаѓаат по крајот на сезоната“ - рече Муслиу.

ВИДЕО: 

https://twitter.com/dribling2021/status/1530248150048448512