(ВИДЕО) Најпознатиот јутјубер во светот му подари куќа на момчето кое прво заѕвони на вратата
Најпопуларниот јутјубер во светот, Џими Доналдсон, попознат како MrBeast, подари куќа на потполно непознато момче
На Ноќта на вештерките, MrBeast реши да изненади рандом дете кое се појави на вратата од куќата со маска. Тој објави видео од дете облечено во крава како доаѓа до вратата од куќата што MrBeast ја купил со намера да ја подари. „Ми се допаѓа твојот костим, еве го клучот за оваа куќа“, лежерно му рече MrBeast на збунетото момче.
Момчето било придружувано од семејството, кое дошло да провери што се случува. Сепак, тие го препознаа MrBeast, кој е познат по тоа што често прави слични работи, па брзо сфатија дека тоа навистина не е шега. „Мило ми е што ги гледате моите видеа бидејќи во спротивно ова би било навистина чудно“, се пошегува јутјуберот.
Набргу по момчето чиј живот го промени MrBeast, на вратата од куќата се појави уште едно дете кое ја пропушти шансата за живот за само неколку секунди.
Кој е MrBeast?
Патем, MrBeast е најуспешниот дигитален креатор во 2023 година, според Форбс. Неговата проценета бруто заработка е дури 82 милиони долари. Тој има над 200 милиони следбеници на YouTube.
Своето прво видео на YouTube го објави кога имаше само 13 години, во февруари 2012 година. Првите неколку години се обидуваше да го победи алгоритмот на платформата за да собере што е можно повеќе претплатници и прегледи, но навистина не успеа.
Имаше неколку фази. Прво ја играше популарната видео игра Minecraft, потоа Call of Duty, а потоа се обиде да ги процени богатствата на другите Јутјубери и да ги коментира драматичните ситуации во кои се нашле другите креатори. Тогаш ретко се појавуваше пред камера. Во 2016 година успеа да собере неколку прегледи исмевајќи се со другите креатори, а во тоа време веќе имаше околу 30.000 претплатници.
Во тоа време се запиша и на факултет, но издржа само две недели и се откажа, велејќи ѝ на мајка си: „Попрво би бил сиромашен отколку да правам што било освен YouTube“. Неговата мајка не беше премногу среќна поради тоа, па го натера на 18 години да го напушти родителскиот дом и да почне да живее самостојно. Тој го сними своето прво вирално видео во 2017 година, на кое се гледа како брои до 100.000, за што рече дека му биле потребни 44 часа.
Рече дека разбрал дека тоа функционира, бил очаен бидејќи немал пари, а кога му се потврдиле предвидувањата знаел што да прави на платформата. Така, тој 10 часа го гледаше „It's Everyday Bro“ на креаторот на видеото Џејк Пол и вртеше фиџет спинер 24 часа, со што стигна до првите милион следбеници.
Сега прави неколку видови видеа за кои вели дека секогаш знае дека ќе станат вирални. Ова вклучува различни предизвици или споделување пари или работи. Како што растеше неговиот канал, тој успеа да ги ангажира пријателите од детството да му помогнат, а со тоа и самите станаа популарни Јутјубери.
Извор: www.index.hr