ВИДЕО: Нова „Балканска трагедија“, Србија испушти победа против Камерун во трилер натпревар

Србија  и Камерун го одиграа еден од најубавите натпревари на мундијалот во Катар, средбата имаше пресврти, шест гола и заврши без победник 3-3.

Камерун поведе со голот на Кастелето, а до крајот на првиот дел два гола за Србија, погодија Павловиќ и Милинковиќ-Савиќ.

На почетокот од второто полувреме, Србија зголеми на 3-1 преку Митровиќ во акција како на плејстејшн.

ВИДЕО:

https://twitter.com/dribling2021/status/1597190491161784320

До крајот на мечот Камерун успеа да стигне до израмнување со „блицкриг“, два гола за три  минути во периодот од 63 до 66 минута, голови на Абубакар и Чупо Мотинг.

Србија и Камерун имаат по бод, Бразил и Швајцарија по три и средба помалку.