(ВИДЕО) Има 16 години, од турнирот во видео игри заработи повеќе пари од Ѓоковиќ
Кој вели дека видео игрите се чисто губење на време..
Знаеме дека многу
родители за ова ќе полудат, но видео игрите стануваат иднина и полека се
стремат да постанат и најисплатливиот бизнис на планетата. Постојат се повеќе
стримери кои се снимаат и на „Twitch“ и на „Youtube“ платформата, покажувајќи
како играат игри. Овие гејмери заработуваат пари само преку донација, а
најпознатите стримери заработуваат и по неколку милиони долари неделно.
Секако, најпопуларната видео игра досега е се уште „Фортнајт“ која никако не сака да си го предаде престолот. Иако, нови игри се појавуваат скоро секој ден, Фортнајт ја држи својата позиција, бидејќи редовно прави измени и им овозможува на играчите оваа игра да им биде константно интересна и свежа.
Се одржа и првиот голем турнир Фортнајт на кој 100 играчи имаа прилика да се натпреваруваат за награда вредна 3 милиони долари. Иако, имаше доста среќници, кои дома си заминаа со доста пари, најголемиот победник беше Кајл Гиердсоф кој освои 3 милиони долари.
Неговото гејмерско име е „BUGHA“ и тој победи во соло категоријата на Фортнајт турнирот што му донесе неверојатна слава, но и оргомна количина пари. Ова момче има само 16 години, а видео игрите го направија милионер толку млад.
Шампионот на Фортнајт замина дома со вкупно 3.025.900 долари, осносно 42.000 долари повеќе од најголемиот шампион во тенис Новак Ѓоковиќ (2.983.748 долари).
Тој изјави дека се уште не знае што ќе направи со парите, но никако нема да престане да игра игри, бидејќи со нивна помош тој успеал да си ги оставри своите најлуди соништа.