ВИДЕО: Рапсодија на Ѓоковиќ, се прошета до третото коло, го уништи Кокинакис

Новак Ѓоковиќ по два часа игра го збриша Танаси Кокинакис со 3-0, резултатот по сетови 6:1, 6:4, 6:2, за пласман во третото коло.

Србинот покажа екстра класа, го подигна нивото на игра во однос на првото коло, Ѓоковиќ е задоволен од резултатот и играта.

„Задоволен сум од тоа како одиграв, одиграв многу подобро во однос на првото коло, се издигнав на ниво погоре, имам страст кон играта, кон овој турнир, среќен сум со прикажаното денес, и победата е бонус за мене“ – изјави Ѓоковиќ.

ВИДЕО: 

https://twitter.com/Wimbledon/status/1542156146752061443