ВИДЕО: Шкендија рутински со Скопје кој играше со два играчи помалку

Шкендија немаше проблеми со Скопје, запиша победа со 2-0, гостите играа со два играчи помалку уште од првото полувреме.

Бразилецот Вагнер по шут од слободен удар, го доведе тимот на Шкендија во водство по само 6 минути игра.

Потоа, Гордијан Христовски доби директен црвен картон во 33. минута, а Христијан Кировски, доби два жолти картони, Скопје играше со два играчи помалку до крајот.

Шкендија немаше проблеми, па ја удвои предноста, Сабит Билали во 62. минута ги поставува конечните 2-0.

Шкендија има четири бода од две одиграни кола во новата сезона, а во недела гостува кај Академија Пандев.

https://twitter.com/dribling2021/status/1559951455670378496