ВИДЕО: Со мотоцикл возеше над смрзнато езеро

Арунас Гибиеза со својот мотоцикл, опремен со специјално направени гуми возеше над смрзнато езеро во Литванија.

Прекрасните кадри се снимени од екипата на Robyworks, која е позната по својата способност да направи магично видео.

Самото снимање на видеото траело 4 дена и уште еден ден за изградба на коридорите и за отстранување на снегот, кој паднал точно пред снимањето. Температурите биле -12 и додека се снимало видеото многу малку имало светлина.