ВИДЕО: Струга максимална и по гостувањето кај Ак. Пандев, шампионот Шкупи поразен во Штип со 10 играчи

Академија Пандев не успеа да ја задржи Струга во Струмица, гостите запишаа убедлива победа со 3-0, еден гол во првиот и два во вториот дел за убедлив триумф.

Шабани, Бесарт Ибраими и Мерџани донесоа шеста победа за Струга, тоа е најефикасниот тим во ПМФЛ со 13 гола а го имаат и најефикасниот играч Ибраими со пет во првенството.

ВИДЕО: 

https://twitter.com/dribling2021/status/1566447658042118146


Брегалница го победи Шкупи кој играше со играч помалку по црвениот картон Адетунџи во 32 минута, головите за  екипата од Штип се дело на Ѓорѓиев во вториот дел кој двапати беше прецизен.

ВИДЕО: 

https://twitter.com/dribling2021/status/1566438727127269377

Резултати: 

Академија Пандев – Струга 0-3

Брегалница-Шкупи 2-0 

Шкендија-Македонија ЃП 1-1

Скопје – Победа 1-0

Силекс – Тиквеш 3-2