(ВИДЕО) ТОП 5 Fortnite играчи кои мора да ги следите

Еуфоријата околу „Fortnite“ играта се појави во оној момент кога креаторите на играта објавија дека оваа игра е бесплатна за играње и дека сите можат да ја играат.

Ова е навистина голема работа, покрај другите популарни игри како што се „Overwatch“ или „PUBG“. „Fortnite“ за многу краток период стана една од најпопуларните игри, а нејзината популарност и допринесе и бројни популарни личности кои константно ја играат.

Поради својата популарност, оваа игра направи гејмери кои почнаат да ја стримуваат (во живо да ги пренесуваат своите игри) и тие така станаа вистински суперѕвезди во светот на игрите. Стримерите се популарни од повеќе причини, но фановите најмногу ги пратат поради нивните специфични начини на играње и бидејќи од нив можат многу да научат за играта.

Затоа одлучивме да ви ги претставиме најдобрите „Fortnite“ играчи кои редовно стримуваат и кои на друштвените мрежи објавуваат нови игри, па ако сакате да научите некои нови финти и да станете професионалец во овој спорт, тогаш задолжително треба да ги следите. 

1.  Ninja

2.  TheMyth


3.  Sypherpk

4.  Daequan


5.  Dakotaz