(ВИДЕО): Викинг фризура- совршен избор за брадести мажи
Ако сакате да носите долга брада, тогаш оваа фризура ќе одговара совршено со неа.
Контрастот е нешто што нè прави да изгледаме поубаво и попривлечно. Создавањето совршена рамнотежа ќе ве натера да изгледате убаво и привлечно. Кога станува збор за брадата и косата, едната треба да биде помалку видлива, додека другата треба да доминира.
Ако сте некој кој има долга брада, тогаш ве советуваме да ја одржувате косата кратка, бидејќи тоа ќе ја “разниша“ неуредната монотонија. Па така, овој пат ви ја претставуваме совршената фризура која ќе ја направи вашата брада да се истакнува.
Станува збор за “Фаде“ фризура која се создава со тоа што вашата коса е исечена со ножици, додека вашата странична коса е исечена со ножици и машинка за стрижење. Косата на врвот треба да формира мал дел, а шишките можат да бидат малку подолги за да се постигне поубава фризура.
Тимот од каналот на Јутјуб „Сликер ТВ“ ни покажа како да ја направиме оваа фризура, затоа проверете го клипот и покажете му го на вашиот фризер за сето тоа да го создадете на вистински начин.