ВМФЛ: Денот „Д“ за евентуалната казна на Гостивар е петок
Лидерот во ВМФЛ, екипата на Гостивар за два дена ќе дознае дали ќе има казна и каква за „спорната регистрација за фудбалер“ со кој настапи нна натпреварот против Локомотива Пехчево во првото коло од пролетниот дел од сезоната.
Гостиварци наводно на теренот имале играч кој немал право за настап во името на Гордијан Христовски кој пристигна од прволигашот Скопје во овој преоден рок.
Се огласи ФФМ со сооптение, за оваа ситуација одлука ќе има на 24 февруари.
„Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ откако ќе го добие писмениот извештај од Комисијата за верификација за случајот “спорна регистрација за фудбалер на ФК Гостивар”, ќе одлучува по случајот согласно прописите од правилникот за натпреварување“ - информираа од ФФМ.
Седницата на која Натпреварувачката комисија ќе одлучува е закажана во петок, 24. февруари.