Спорт // Спорт
ВМФЛ: Дерби на Македонија, класика во Битола, Пелистер -Вардар и Чкембари-Комити, дерби на терен и трибини
Денеска во ВМФЛ се играат средбите од 14 коло, Пелистер - Вардар е „Дерби на Македонија“, нова голема пресметка на вечните ривали, сега во второлигашка конкуренција.
Вардар е на хартија фаворит со оглед на состојбата на табелата, но кога се игра дуел меѓу овие две екипи, тоа ништо не значи, дербито се очекува да донесе добар фудбал, жестоко навивање, во Битола ќе гостуваат и Комити, а Чкембари подготвуваат „пекол“...
Сите средби се играат од 13 часот.