Вмрежување и споделување на знаење од ИТ заедницата за ИТ заедницата
Викендов во Скопје се одржа ИТ конференцијата DevCon 2022 под мотото “од ИТ заедницата за ИТ заедницата” на која присуствуваа повеќе од 150 професионалци од различни области во развојот на веб и мобилните технологии.
“После 2 години пауза поради пандемијата, среќни сме што успеавме повторно да го вратиме DevCon со настан во живо и освен одличните предавања што имавме можност да ги чуеме - повторно да се дружиме и да споделиме искуства со колегите од различни ИТ области и компании” - рече Петар Баковски, извршен директор во Melon, кои заедно со компанијата Frakton (двете дел од групацијата Kin + Carta) беа организатори на настанот.
Конференцијата имаше интернационален карактер, па покрај домашните предавачи - присутни беа и предавачи од Бугарија, Косово и Обединетото Кралство кои со присутните споделија свои презентации, истражувања но и демо верзии од различни технологии и проекти, несебично пренесувајќи го своето знаење за апликабилни пристапи кои ќе им бидат од корист на посетителите.
Дел од темите на кои се посвети внимание на DevCon2022 опфатија дискусии во врска соолеснето работење со WebWorkers со Comlink, IoT Hub како Azure сервис,корисни алатки и трикови за тестирање во Django проекти, вовед во Zag.js, презентација за веб перформанс и вовед во Jetpack Compose како модерен сет од алатки во Андроид.
За тие кои не беа во можност да присуствуваат на настанот, снимените презентации ќе можат да ги погледнат наскоро на официјалната веб страница devcon.dev.
Во продолжение погледнете дел од атмосферата од овогодинешното издание на DevCon во Скопје.
ПР објава