Во никој случај не ги користете овие лозинки: Хакерите веднаш можат да ви ги пробијат
Повеќе од половина од лозинките биле повторени од неколку десетици до неколку милиони пати, или 56%. Од друга страна, само 44% од лозинките биле единствени, односно не биле повторени никаде.
Компанијата Nordpass анализираше повеќе од 275 милиони лозинки кои биле изложени на јавноста по хакерските напади. Од тоа, тие направија листа со 10 од оние кои се најчести, па затоа, поради безбедносни причини, би било добро да проверите дали вашата лозинка не е меѓу нив.
Повеќето лозинки од Топ 10 листата биле многу лесни за откривање со обична претпоставка, а само “picture1” била нешто потврд орев – морала да биде откриена со т.н. “brute force” метод
Од Nordpass советуваат сите корисници на интернет да не користат шаблони или дугмиња кои се наоѓаат близу едни до други на тастатурата.
Се надеваме дека не сте користеле една од овие лозинки подолу, а ако сте го сториле тоа, веднаш да ја промените.