Во теретана почувствува како му трнеат нозете: Анализите на поранешен БОКСЕР покажаа СТРАШНИ РЕЗУЛТАТИ
Марк Потер е тренер кој е во одлична кондиција, на тренинг кренал и до 200 килограми, а потоа наеднаш почувствувал како му трнат листовите на нозете.
Тој отишол на дополнителни тестови дури кога почнало да се шири пецкањето и кога се посомневал дека не е од напорен тренинг.
Анализите покажаа ужасна дијагноза. На поранешниот боксер во последната фаза му беше дијагностициран рак на желудникот, а прогнозите се дека ќе живее уште 18 месеци.
Што е рак на желудникот и како е можно толку доцна да се открие?
Ракот на желудникот се шири долго и бавно, а не се јавува во цревата, туку во ткивата што го обложуваат стомакот.
Сопругата на Марк, Хана, изјавила дека на почетокот мислел дека му се повредил некој нерв. Меѓутоа, ракот толку многу се проширил што отишол до 'рбетот, па оттаму доаѓало трнењето на нервите.
Раните симптоми на рак на желудникот може да бидат и тегоби при варење, губење на апетит и болка во абдоминалната празнина. За жал, многу пациенти ги поврзуваат со некои други гастрономски проблеми и не доаѓаат ни на преглед додека не биде предоцна.
Честото подригнување, губење на тежината и замор се исто така симптоми на оваа маѓепсана болест и веднаш повикајте лекар доколку забележите некакво испакнување на стомакот или локализирана болка во одредена област.