Во уникатниот простор на Аудиокултура мал избран круг на љубители на часовници имаа ексклузивна можност први да ги погледнат новитетите на Брајтлинг

Како да ги користиме своите крилја, најдобро може да научиме од брендот кој 140 години со секоја нова колекција не само што ги надминува очекувањата, туку постојано отвора нови хоризонти.

Тоа ни се потврди и минатата вечер во уникатниот простор на Аудиокултура каде мал избран круг на љубители на часовници  имаа ексклузивна можност први да ги погледнат новитетите на Брајтлинг на интимна вечера подготвена од шеф Алекс Пуци. 

Вечерата започна со мастерклас предводен од  претставник на Breitling, потоа следеше презентација на новитетите Breitling Superocean Rainbow – инспирирани од  окенаските синила и прекрасните виножита кои се појавуваат при прекршувањето на светлината од капките вода. Нешто во што уживаат и можат да го доловат сурферите ширум светот. 

Понатаму следеше презентација на  Chronomat 36 Special Edition. Ограничен на 25 парчиња достапни само во одбрани земји од Централна и Источна Европа, моделот се карактеризира со комбинација на два ексклузивни материјали, црвено злато од 18 k и карактеристичен седеф во сива боја.


Помеѓу часовниците ексклузивно беше претставен и Top Time B21 Classic Cars Chronograph Tourbillon е опремен со истиот Breitling Caliber B21 што го имаше своето деби минатата година во Премиер Tourbillon.