ВРЕМЕ Е СЕРИОЗНО ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТA

Заканите за сајбер безбедностa експоненцијално пораснаа во последниве години. Брзиот развој на услугите базирани на облак (cloud) и вештачката интелигенција (АI) придонесоа за овој брз пораст. Во екстремни случаи, сајбер нападите можат не само да го оштетат, туку и целосно да го загрозат постоењето на бизнисите.

И покрај тоа, свеста за сајбер заканите е многу ниска и се чини дека воопшто и не се зборува за нив. Телеком им помага на бизнисите да се заштитат со подигање на свеста и со понуда на безбедносни решенија коишто овозможуваат бизнисот да остане безбеден и поврзан.

Три статистики во фокусот

Кои се главните области каде што бизнисите имаат најголеми слабости и се најизложени на закани:

81% од бизнисите не обезбедуваат обука за сајбер безбедност за своите вработени;

77% од компаниите немаат план во случај на сајбер напад

54% од сајбер нападите доаѓаат од фишинг (phishing) или спам електронска пошта (spam е-mails).

Овие застрашувачки статистички податоци, коишто покажуваат занемарување на сајбер безбедноста, лесно може да се подобрат со сајбер безбедносните решенија на Телеком.

Првиот чекор кон сајбер безбедноста е откривање на проблемот

Телеком отвори посебна веб-страница со прашалник, каде што секој може да го тестира нивото на безбедност во својата компанија. Целта на тестот е да се откријат слабите точки под „оклопот“ на компаниите –проблематичните области на кои бизнисот најпрво треба да обрне внимание.

Започнете го краткиот тест за вашата компанија на: https://www.t-test.eu/mk

Погледнете ги видеата на следниот линк

ПР објава