Врвна производна линија на Тесла: Погледнете како се создава новата револуционерна батерија
Тесла ѝ даде прв
поглед на јавноста на својата нова батерија, наречена 4680 и најсовремената
линија на производи Roadrunner во Тексас.
Tesla ја претстави својата најнова батерија уште во септември 2020 година за време на Денот на батеријата на компанијата, но тогаш тоа беше само дел од презентацијата во PowerPoint што ја даде шефот на Tesla, Елон Маск.
Тесла сега реши преку видео да покаже на што работат во нивната најсовремена фабрика во Фремонт, Тексас.
Едноминутното видео покажува како се создава нова батерија низ неколку фази на производство, со помош на робот. Маск рече дека производствената линија Roadrunner е инспирирана од производствените линии со голем обем, како оние во фабриките за храна, пијалоци, медицински помагала или играчки.
Come work on cell / battery production at Giga Texas & Giga Berlin! https://t.co/PhsI5bb0uD pic.twitter.com/jEUatMLDmE
— Tesla (@Tesla) January 17, 2021
Новата 4860 батерија, тврди Тесла, ќе биде шест пати помоќна, пет пати погусто наполнета со енергија и ќе го зголеми опсегот на нивните возила за 16 проценти.
Што се однесува до дизајнот на самата батерија, Тесла зеде традиционални фолии за да направи батерии и создаде ласерска шема на нив што создава десетици споеви на самиот материјал, што го намалува растојанието што треба да го поминат електроните.
На овој начин, батеријата е повеќе термостабилна. Маск исто така објасни дека иако батеријата е поголема од вообичаеното, таа фактички е подобра од силата на тежината од помалите батерии. Тоа е тешко да се постигне. Никој досега не можеше да го стори тоа, рече Маск.
Фото и Видео: Твитер