Спорт // Спорт
Вториот фаворит на Австралија Опен, Каспер Руд го заврши настапот, елиминиран Зверев и Фриц
Големо изненадување на Австралија Опен 2023, норвежанецот Каспер Руд е елиминиран од Американецот Џексон Бруксби.
Во меч во кој се играа четири сета, Руд загуби со 6:3, 7:5, 6:7/3 и 6:2. Денеска не е баш добар ден за фаворитите, елиминирани се и Александер Зверев и Тејлор Фриц.
Зверев е елиминиран од тенисерот кој со покана настапува на АО 2023, Мајкл Мо од САД, додека Фриц загуби од Алексеј Попирин кој настапува за Австралија.