Спорт // Спорт
Второ и пак машко: Фудбалерот Бабунски стана татко на Лиам
Се вели прво па машко! Ама и второто е машко! Фудбалерот Давид Бабунски стана татко. Веднаш по раѓањето, на социјалните мрежи објави слика од синот.
Синчето веќе има име- се вика Лиам.
Тој под фотoграфијата на Инстаграм напиша:
„Нашиот втор син Лиам се роди денес и донесе неизмерна среќа и љубов во нашето семејство. Благодарни сме и благословени со неговото раѓање“.