За да ја бакне треба да застане на прсти, а на нивната страст завидуваат сите: Интересна двојка која краде внимание каде и да се појави
Фото: profimedia
Американскиот агент за недвижности и ѕвезда на „The Selling Sunset“ Џејсон Опенхајм разменуваше нежности со својата нова девојка Мари Лу Нурк додека чекаа глисер на брегот на Миконос.
Џејсон неколку пати ја фаќаше младата девојка за задникот и страсно ја бакнувал, додека таа била облечена во ултра кратко црно мини здолниште и бел топ.
Фото: profimedia
45-годишникот ѝ го бакнуваше стомакот на 25-годишната Мари, па многумина би помислиле дека парот чека бебе. Токму поради дете Џејсон ја остави поранешната девојка Кришел Стаус бидејќи таа сакала деца, а тој не.
Овој пар е мета на многу шеги бидејќи Опенхајм е многу понизок од манекенката, а за да ја бакне мора да застане на прстите, како што направи и овој пат.
Фото: profimediaСепак, тоа не ги спречува да уживаат во љубовта која започна пред неколку месеци. Својата врска ја потврдија пред два месеци на одмор на грчки остров кога исто така беа фатени од папараците.
„Претпоставувам дека никогаш не би се бакнувале јавно ако бевме многу внимателни“, изјави основачот на „Oppenheim Group“ за магазинот „People“.
Фото: profimedia
Опенхајм рече дека е среќен секој ден во својата нова романса, а исто така и дека бил многу среќен и со Кришел, истакнувајќи дека не сакал да ја отфрли врската.
„Беше многу тешко, но не сакав повторно да поминувам низ тоа“, рече тој.
Тој исто така призна дека неговата нова девојка и неговата бивша се запознале и дека добро се сложувале.
„Таа сака јас да бидам среќен и јас сакам таа да биде среќна“, додаде тој.
Извор: dnevnik.hr