За прв пат на македонскиот пазар: “А1 Видео поддршка” – алатка за разговор во живо и одговори на најдеталните технички прашања
А1 Македонија продолжува со усовршување на дигиталните алатки за постигнување супериорно корисничко искуство и со задоволство ја најавува новата опција „А1 Видео поддршка“, што претставува уште еден канал за комуникација на корисниците со Контакт центарот за техничка поддршка.
Преку уникатната дигитална алатка, “А1 Видео поддршка”, за прв пат достапна во земјава, корисниците на А1 Македонија добиваат ексклузивна можност за визуелна помош и видео разговор со агент кој ќе им одговори на сите дополнителни прашања што ги имаат поврзани со дигитална телевизија, поврзување на опрема издадена за самоинсталација и помош при поврзување на опрема за интернет.
“Супериорно корисничко искуство преку иновативни понуди и услуги е приоритет за нас во А1 Македонија. Како компанија посветена на обезбедување дигитални решенија за секој дом, горди сме што воведуваме уште една дигитална алатка за нашите корисници со која добиваат уште поедноставен и побрз начин да ги добијат одговорите на сите дополнителни прашања поврзани со услугите што ги користат. Со ова, уште еднаш го потврдуваме партнерскиот однос што го имаме со нашите корисници“, изјави Борче Ѓорѓески, Раководител на Контакт центар за корисници во А1 Македонија.
Пристапувањето кон “А1 Видео поддршка” услугата е бесплатно преку јавување во Контакт центарот за техничка поддршка или преку апликација на веб, по што корисникот добива СМС-порака со линк за воспоставување на видео повик. При повикот, за заштита на приватноста на корисникот се вклучува само задната камера од телефонот која е потребно да биде насочена кон опремата за на агентот да му се покаже и да може да даде точни насоки и упатства.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk
ПР објава