Здравје // Совети
За прв пат од пандемијата: Регистрирани оздравени над 350 лица
Во изминатото
деноноќие Институтот за Јавно здравје регистрираше 368 оздравени пациенти.
Најмногу оздравени пацинети се од Куманово-74, па следува Скопје-64, Тетово-48, Гостивар-36, Штип-30, Дебар-28, Кавадарци-20, Кичево-12, Свети Николе-9, Струга-9, Крива Паланка и Битола-6, Прилеп 5, Струмица и Кочани по 4 оздравени лица, Охрид и Макеоднски брод по 3, Демир Хисар 2, и по едно оздравено лице во Радовиш, Пробиштип, Кратово , Неготино и Гевгелија.
Во изминатите 24 часа се регистрирани и 115 новозаразени лица со Ковид-19 во земјава. Според министерството за здравство најголем број од нив се регистрирани повторно во главниот град скопје, односно 34 лица.
Во болница починал еден пациент од Гостивар кој бил на возраст од 76 години.