За сите кои сакаат да се вакцинираат против ковид-19: Прво треба да направат две работи
Иако во вакцината се гледа спас од пандемијата, сепак вакцинацијата не е задолжителна и граѓаните сами ќе одлучуваат дали ќе се вакцинираат или не.
Нова научна студија открива дека секој што сака да се вакцинира против коронавирусот треба да направи две работи пред вакцинацијата, што наводно може да ја подобри ефикасноста. Оваа студија, која треба да биде објавена во „Perspectives on Psychological Science“, укажува на тоа дека две многу чести состојби денес, стресот и депресијата, можат да го намалат имунолошкиот одговор на вакцината за коронавирус и да доведат до помал имунитет кон вирусот. Од друга страна, експертите од Универзитетот во Охајо, кои ја спроведоа студијата, открија дека постојат две активности кои можат да го зголемат имунолошкиот одговор, дури и кај луѓето кои страдаат од депресија и хроничен стрес, а тоа се спиењето и вежбањето, пишува Bestlifeonline.
„Да, можно е да се направат едноставни работи и да се подобри првичната ефикасност на вакцината“, објаснува Џенис Киколт Глејзер, една од авторите на студијата и директор на Институтот за бихевиорално медицинско истражување на Универзитетот во Охајо.
Авторите на студијата препорачуваат секој што планира да се вакцинира, треба да се потруди да си обезбеди доволно квалитетен сон пред вакцинацијата, како и да се посвети на некоја силна физичка активност 24 часа пред да ја прими вакцината.
-Добриот сон е поврзан со генерирање успешен одговор на други вакцини, вклучувајќи ги и оние за грип, но исто така и за хепатитис од типовите А и Б“, тврди д-р Спенсер Крол, специјалист по интерна медицина.
-Од друга страна, недоволниот сон може да доведе до осцилации во имунолошкиот процес, што е важно за производство на антитела, посочува Крол.
Физичката активност во периодот пред вакцинацијата може да помогне во зајакнување на вашиот имунитет по вакцинацијата, тврди лекарот.
-Враќањето на здрав начин на живот, што вклучува кардио вежбање, добар избор на храна и повеќе сон, им помага на пациентите да изградат подобар имунолошки одговор кога станува збор за борба против вирусната инфекција и кога станува збор за имунолошкиот одговор на вакцинацијата, појаснува Крол.