Забележете повеќе од тоа што го сакате со помош на новите функции на Galaxy S10 и Galaxy Note10

Компанијата Samsung Electronics најави дека со софтверската надградба[1] која што започнува овој месец, иновативните опции достапни кај Galaxy S20 флегшип серијата ќе бидат исто така достапни и кај Galaxy S10 и Galaxy Note10 уредите. Корисниците ќе можат да снимаат содржина со помош на најновата технологија на Galaxy камерата, вклучувајќи ја и популарната Single Take опција. Покрај тоа, корисниците ќе имаат пристап до најразлични подобрувања на софтверот, кои го прават Galaxy искуството уште попријатно.

Подобрено искуство за фотографирање и снимање

Ажурирањето на софтверот ќе ги пренесе избраните можности на Galaxy S20 серијата за фотографирање и снимање врз Galaxy S10 и Note10. Со опцијата Single Take, корисниците ќе можат потполно да уживаат во моментот, фокусирани на содржината која ја снимаат со помош на интегрираната технологија на база на вештачка интелигенција. Оваа опција го користи системот на камерата и вештачка интелигенција за да се направат низа фотографии и видеа одеднаш, предлагајќи ја и најдобрата фотографија[2].

Со подобрената Night Mode опција на Galaxy S10 и на Night Hyperlapse опцијата на Galaxy S10и Note10[4] сличните фотографии во галеријата со иста содржина автоматски се групираат заедно. Корисниците со леснотија можат лесно да ги прегледуваат сличните фотографии и да изберат насловна фотографија за секоја група. Кога гледаат одредена фотографија во галеријата, можат да ја зголемат, да одберат соодветни димензии и да пристапат на Quick Crop алатката,која се наоѓа во горниот лев агол, за да ја добијат фотографијата во посакуваната големина.

Едноставни можности за споделување на содржини[5]

Корисниците сега можат меѓусебно да споделуваат повеќе содржини, на поедноставен и полесен начин. Со апликацијата Quick Share можат да видат кои од нивните контакти се во близина и да споделат фотографии, видео содржини и поголеми фајлови со повеќе луѓе одеднаш. Со Music Share корисниците можат да ја продолжат веќе направената Bluetooth конекција со пријателите, така што повеќе нема потреба од исклучување на Bluetoоth за да можат да слушаат музика на звучник или во автомобилот.

За повеќе информации, посетете ги www.samsungmobilepress.comwww.news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com.

#####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината.Компанијата поставува стандарди во областите на ТВ уредите, паметните телефони, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни уреди, мрежните и LSI системите, меморијата и LED технологијата. За повеќе информации ивести, посетете ја Samsung Newsroom на http://news.samsung.com


[1] Датумот за достапноста на ажурирањето на софтверот и листата за ажурирање на опциите може да варира од пазарот, операторот и од моделот.

[2] Single Take, која што е базирана на вештачка интелигенција, зачувува слики и видеа до 10 секунди.

[3] Не се применува на Note10 Lite.

[4]До 100 фотографии во галеријата снимени истиот ден.

[5] Достапни на Galaxy S10 и Note10 уредитекога ова ажурирање ќе се преземе и кога апликацијата Quick Share/Music Share е вклучена.