Зад себе има два пропаднати брака и 9 деца: Заслепен од славата, не гледаше подалеку од носот, а секогаш му недостасуваше сопствениот брат

Ова се сите скандали на Мел Гибсон, кои го нарушија неговиот имиџ на почитуван актер и голема легенда

Мел Гибсон важеше за еден од најголемите заводници во Холивуд, а имиџот на добро момче му носеше само скандали и афери. Богатата и успешна кариера падна во втор план бидејќи неговиот приватен живот со текот на времето стана многу поинтересен. 

Најстариот брат во семејството Гибсон, Мел, стана познат актер, а во овој свет се испроба и неговиот најмлад брат Донал. Двајцата браќа беа многу блиски, заедно глумеа дури и во еден од најголемите хитови за Оскар, филмот „Braveheart“, кој го внесе Мел во филмските енциклопедии. Немаше никакви проблеми, браќата се сакаа и се поддржуваа, а потоа следниот филм ги скара и ги доведе од љубов во омраза.


„Тој беше мојот постар брат, мојот најдобар пријател. Немаше љубомора, бев среќен затоа што стана славен. Сепак, тоа го промени, тој почна да верува во она што се зборуваше и пишува за него. Мел што го знаев едноставно исчезна", изјави Донал и додаде: „Холивуд го изеде, го изџвака и го исплука. Славата и парите му го испраа мозокот и тој стана чудовиште. Го мразам поради тоа што стана“.


Ова не е прв скандал во кој се најде Гибсон, а проблемите со алкохолот предвидуваа кавги во семејството. 

Со својата прва сопруга, Робин Денис Мур имаше една ќерка и 6 сина, а многумина тогаш веруваа дека нема посреќно семејство од нивното. Сепак, по 26 години брак, следеше развод.


Набргу по разводот стапил во врска со Русинката Оксана Григориева со која добил ќерка. Нивната идила траеше само една година. Гибсон беше обвинет за семејно насилство од неговата поранешна девојка.


Од 2014 година познатиот актер е во врска со Розалинд Рос, која пред неколку години го роди нивното прво и деветто дете на Гибсон. Тие се запознале кога таа почнала да работи во неговата продукциска куќа Ајкон и набрзо се заљубиле. Двојката е под лупа на јавноста имајќи предвид дека Розалинд има 32 години, а Мел Гибсон има 67 години.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot

Извор: стилкурир