Заев не ја соблекува јакната, Мицковски во 50 нијанси на сиво
Секојдневно се во јавност. А, допрва ќе ги гледаме со оглед на тоа што доаѓаат избори. Двајцата лидери на најголемите политички партии во Македонија, Зоран Заев и Христијан Мицковски скоро во ништо не се согласуваат освен дека зедничко им е тоа што имаат просечен стил на облекување на јавни настани, па и воопшто. Тоа апсолутно не значи дека не се облекуваат добро, но во рамките на проверените политички изгледи кои проаѓаат. И се’ е смислено најверојатно, па дури и како ќе изгледаат меѓу народот, на тв. на митинг, во протоколарни средби…
Ама, подолг период и двајцата не се одделуваат од едно нешто- Заев во својата темно- сина јакна од превртена кожа, Мицковски во сиви, светло- сиви, темно- сиви палта. И на секој настан истото!
Зима е разбираме, ама вашата појава подразбира и суптилно менување, “маневрирање” со стилот. Не дека тој е пресуден- пресудно е она што го зборувате, ветувате, исполнувате, ама бидете и стилски забавни оти секако ќе ни станете досадни.
Лидерот на СДСМ во фамозната јакна облечна скоро за секој настан:
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ во сиво…и сиво…и пак сиво: