Заносна Италијанка: Се сликаше за Плејбој, а е кошаркарка
Пред девет години, таа беше финалистка на изборотза Мис Италија. И ја предвидоа нејзината брилијантна кариера во манекенството, но Валентина Вињали (27) имаше друга љубов - кошарката. Денес, таа е и манекенка и кошаркарка.
Веројатно би играла на ниво на првата лига, ако би ја одбрала само кошарката, но Валентина малку снима и ислика модни едиторијали, малку и тренира.
Оваа година, таа се пресели во нов клуб, Атена Баскет од Рим.
- Веднаш ми се допадна идејата да играм во Рим затоа што е историски град. Друга работа што ми олесна да одам во тој клуб е тренерот Франческо Гокија, кој ме тренираше во Помезија - рече Валентина, која покрај кошарката и манекенството, постигна да покрие и некои претстави како телевизиски презентер.
Но, таа секогаш се навраќа на нејзинатаљубов кон кошарката.
- Се започна кога имав осум години. Бев висока. Ми предложија да ја пробам кошарката и тоа беше љубов на прв поглед. Кошарката ми даде многу, да речеме, некои од моите најдобри пријатели и се запознав детално со спортот што го сакам најмногу во светот - рече 183 сантиметри високата Италијанка, а ја следат скоро два милиони луѓе на Инстаграм.